Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУмерен земјотрес ја погоди Јапонија

Умерен земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот дел на Јапонија, а поради него се тресеа и зградите во главниот град Токио.

Според проценките на Геолошкиот институт на САД епицентарот на земјотресот бил на 44 километри североисточно од Токио, на длабочина од околу 44 километри.

Засега нема податоци за евентуална штета.