Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаУкраден споменикот на ваташките младинци

Украден споменикот на ваташките младинци

Викендов е украден преостанатиот дел од релјефот на споменикот на 12. ваташки младинци во Моклиште, информира Службата за односи со јавноста при Општина Кавадарци. Релјефот го симболизира убиството на 12. ваташки младинци и е изработен од бакар. Најверојатно бакарот е причината поради која арамиите се решиле да го украдат.

На увид излегол комуналниот инспектор при општината, а кражбата е пријавена во кавадаречката полиција. Ова е трет пат да се посегне по уништување на споменикот. Претходно во два наврата беа кршени и крадени делови од релјефот, а сега е однесен преостанатиот дел.

Општината, Музеј-галеријата Кавадарци и републичките институции за заштита на културното наследство, ја разгледуваат можноста за начинот како да се интервенира на споменикот. Дали да се направи реплика на оригиналниот релјеф од бакар на авторите Јордан и Искра Грабул или да се предложи ново идејно решение.