Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионФото: Ердоган си подигна споменик – Со рака запира тенк

Фото: Ердоган си подигна споменик – Со рака запира тенк

Во турскиот град Харан е подигнат споменик на претседателот Реџеп Ердоган, кој запира тенк со подадена рака нанапред. Споменикот е подигнат по повод неуспешниот државен удар кој се случи минатата година на 15 јули. Тој беше спречен со помош на десетиците илјади Турци, кои по повикот на Ердоган излегоа на улицата. Во немирите загинаа 240 лица, граѓани и полицајци, лојални на владата, а повеќе од 2.000 беа повредени.

Ердоган од тогаш е во лов на пучисти. Неговата држава драстично се одалечи од демократијата откако беа донесени низа закони кои се целосна спротивност со актуелните меѓународни законски норми. Тој во меѓународната јавност доби репутација на диктатор.
erdogan spomenik 1

erdogan spomenik 2