Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаУЈП ја објави листата на должници – и Капоне на македонскиот список

УЈП ја објави листата на должници – и Капоне на македонскиот список

Повеќе од 4.500 физички лица, компании и јавни претпријатија се наоѓаат на последната Листа на должници што ја објавува Управата за јавни приходи.

Македонската радио телевизија, Македонија пат и Македонски шуми повторно се на Листата. На неа се и неколку комунални претпријатија, меѓу кои на Гостивар, Тетово, Струга, Пробиштип, а должник е и Општина Дојран. На листата се и државните загубари и фирми под стечај. Дел од фирмите на списокот се со месеци како Ендустрија Ел Азтека и Мотор Коач индустрија интернационал.

На сисокот има и здружение на одгледувачи на овци, потоа Сојуз на борците од НОВ, а своевиден куриозитет е фирмата даночен должник Капоне, која веројатно го добила името по американскиот гангстер Ал Капоне, кој водел многу нелегални бизниси, но бил уапсен за неплатен данок.

Станува збор за долгови доспеани до 31 декември лани и неплатени до 31 март 2016 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.