Wednesday, May 1, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУЕФА: Уште еден инцидент и Русија ќе биде исфрлена од Европското првенство

УЕФА: Уште еден инцидент и Русија ќе биде исфрлена од Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Русија доби последна опомена пред исклучување од Европското првенство поради лошото однесување на нејзините навивачи. Русите од УЕФА добија таканаречена „суспендирана дисквалификација“ која ќе биде активирана доколку се повторат били какви инциденти.

Предупредувањето од УЕФА стигна само неколку часа од како од Кремљ беше објавена дека сите спортски функционери и сојузи мораат да го дадат својот максимум за навивачите на Русија да прекинат со инцидентите на Европското првенство во фудбал во Франција.

Навивачите на Русија учествуваа во бројни конфликти во Марсеј воочи и после натпреварот со Англија, беа видени ужасни сцени на насилство, а Франција одлучи уапсените да ги депортира во своите земји. Русија наредниот натпревар го игра во среда од 15 часот против репрезентацијата на Словачка.