Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноУдобен "паркинг" за вашиот миленик – додека купувате во ИКЕА

Удобен "паркинг" за вашиот миленик – додека купувате во ИКЕА

На љубителите на кучиња ќе им се допадне оваа идеја. Шведскиот произведувач на мебел во својата продавница во Келн постави неколку удобни платформи каде кучињата ќе можат да одмараат додека го чекаат својот сопственик.
parking1
Покрај платформите кои се обложени со вештачка трева се наоѓаат садови за вода и шипка за која можете да го врзете вашето милениче. Новиот концепт на шведскиот гигант наиде на воодушевување на љубителите на животни кои сметаат дека на овој начин ќе се намали бројот на неодговорни сопственици кои своите миленичиња ги оставаат во возилата на високи температури.