Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Икеа“ ќе ги намали своите инвестициски проекти во Русија

„Икеа“ ќе ги намали своите инвестициски проекти во Русија

Шведскиот производител на мебел„Икеа“ предупреди дека би можел да ги намали своите инвестициски проекти во Русија, еден од своите најголеми пазари.

Оваа вест доаѓа по одлуката на руските власти дека „Икеа“ мора да плати неколку милиони евра отштета на еден бизнисмен.

„Како инвеститори сакаме да работиме во правична и транспарентна деловна средина. Меѓутоа, некои неодамнешни акции на нашата група и поранешните правни спорови би можеле да ги намалат инвестициските проекти”, се наведува во соопштението.