Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеУченици и наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“ промовираа прирачник за здрава исхрана

Ученици и наставници од ООУ „Лазо Ангеловски“ промовираа прирачник за здрава исхрана

Во рамки на проектот „Воведување на претприемачкото учење во образовниот систем на Република Македонија“, ученици и наставници од основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром ги здружија силите и оформија Готвач за здрава исхрана, кој всушност претставува збирка на рецепти за здрава и избалансирана храна.

gotvac za zdrava hranaПилот-проектот за воведување на претприемништвото како дел од наставниот процес е со цел да се насочи развивањето на критичкото размислување, практична примена на изученото од наставните програми и поттикнување на доживотното учење, односно да се интегрира претприемништвото во наставните планови и програми од VI до IX одделение.