Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: 10 години власта имаше за гасификација, сега се сомневаме на корупција

СДСМ: 10 години власта имаше за гасификација, сега се сомневаме на корупција

СДСМ упати серија на критики по најавите на Владата дека наскоро ќе објави нов проект за изградба на гасоводна мрежа со кој на инвеститор преку јавно-приватно партнерство ќе му додели концесија од дури 30 години. Проблематично е што на владејачката партија и се брза пред избори и ова според СДСМ е евтино ветување бидејќи досега имаа 10 години на располагање да спроведат гасификација.

„Власта на Груевски во предизборие сака да дава концесија на 30 години, на фирма којашто наводно во иднина треба да изгради дистрибутивна мрежа за природен гас! Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да и даде 30 годишен бизнис со гас, прашува СДСМ.

„Денешната одлука на власта на Груевски за нов проект за изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа, дополнително упатува на отворање пат за огромна корупција, ако е земе предвид дека само пред неколку дена тие самите ја поништија својата претходна одлука за гасификација скопскиот, западниот и источниот регион. Малку се потрошените милиони евра пари на граѓаните за физибилити студии и тендерски документации за лагите до црвените ленти дека Македонија наводно се гасифицира, посочуваат од СДСМ.

Владиниот портпарол Александар Ѓоргиев претходно соопшти: Владата беше посветена на изградба на магистрални гасоводи. Досега е завршен магистралниот гасовод Клечовце-Штип, а започната е изградбата на гасоводот Штип-Неготино. Изградбата на магистралните гасоводи од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар преку Тетово планирано е да започне во периодот што следи.