Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУбиство во Тирана: Непознати лица пукале во автомобил во движење

Убиство во Тирана: Непознати лица пукале во автомобил во движење

Две лица се усмртени и едно е тешко повредено во престрелка која се случила синоќа во главниот град на Албанија, кога во возилото во кое се наоѓале било пукано со автоматска пушка „калашњиков“.

Несреќата се случила во околу 20 часот, каде непознати сторители пукале во автомобил марка „БМВ“ кој бил во движење. На самото место починале Аурора Оскиан и Кевин Ругова, додека со прострелна рана се здобил Елвис Гацај, кој е хоспитализиран и е надвор од  житовна опасност.

Ранетиот бил со полициско досие, па полицијата не ја исклучува можноста дека мотивот за нападот на непознатите сторители бил токму пресметка со Гацај.