Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионУапсени 12 осомничени припадници на ИД во Турција

Уапсени 12 осомничени припадници на ИД во Турција

Дванаесет лица, за кои постои сомнеж дека се припадници на Исламска држава се уапсени во операција на турската полиција во округот Бурса во северозападниот дел на Турција, објави денеска весникот „Хуриет Дејли Њуз“. Повикувајќи се на полициски извори, весникот наведува дека бројот на уапсените осомничени припадници на ИД во реонот на Бурса би можел да се зголеми по распитот на досега приведените лица.

Операцијата била спроведена во три општини во градот Бурса, при што се упсени 12 лица кои се товарат дека одржувале врски со членови на ИД во Сирија.

Покрај Бурса, полицијата спровела и операција во округот Газиантеп во југоисточна Турција, при која бил извршен претрес на куќа за која посител сомнеж дека ја користат членови на ИД. Таму, полицијата не пронашла докази за противзаконски активности.