Friday, May 17, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалУапсен тренер во Шпанија под сомнение за местење на натпревар

Уапсен тренер во Шпанија под сомнение за местење на натпревар

Тренерот на шпанскиот нисколигаш Елденсе Филипо ди Пјеро, беше уапсен утрово под сомнение дека бил вмешан во местење натпревари.

Елденсе беше поразен од Барселона Б со 12-0, а како што пишуваат шпанските медиуми еден играч открил дека некои соиграчи намерно пуштале голови за да загубат со што поголема разлика. Шпанскиот суд одма реагираше , издаде налог за апсење на ди Пјеро а со него и членот на управниот одбор Нобиле Капуани.

Играчите би требале да бидет сведоци, а против одредени играчи, исто така, ќе биде покренето обвинение.