Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЉупчо Палевски – Палчо бил на распит во СЈО за предистражна постапка

Љупчо Палевски – Палчо бил на распит во СЈО за предистражна постапка

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка.

Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека Палевски е приведен поради тоа што на „Јутјуб“ објавил прислушувани приватни разговори на јавни личности, меѓу кои новинари и бизнисмени.

Уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас во СЈО пријави вакви злоупотреби, а на профилот Палевски се појавија и снимки од бизнисменот Јордан Камчев.