Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиТВ Нова отпушта 35 вработени

ТВ Нова отпушта 35 вработени

Возачи, новинари, сниматели, монтажери се само дел од „вишокот“ кој треба да се испразни во новата телевизија, дознава А1он од извори од телевизијата. Според изворот, телевизија Нова моментално брои 160 вработени, сега брка 35 луѓе, а треба да избрка уште 15, за вкупната бројка на вработени да се намали на 110 вработени.

Пред 5 месеци примија над 150 луѓе, за сега да ни дадат отказен рок од еден месец, вели изворот за порталот. Тој кажува дека телевизијата решила целосно да ја укине забавната емисија „Сцена“, а како што кажал, дел од новинарите и сами напуштиле поради притисокот кој се врши врз нив.

Телевизија Нова пред неколку месеци прими луѓе од другите телевизии нудејќи им двојно поголема плата од онаа која што ја земаа на претходните работни места, за по неколку месеци да почне да им ја намалува, а по само 5 месеци од постоењето, веќе да почне да прави „чистка“ од кадарот.