Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТуск доаѓа во Македонија – бегалската и политичката криза на врвот на неговата агенда

Туск доаѓа во Македонија – бегалската и политичката криза на врвот на неговата агенда

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск следната недела ќе ја посети Македонија поради можниот нов бегалски бран и поради политичката криза.

Од кабинетот на Туск, засега не ја потврдуваат посетата и наведуваат дека распоредот на претседателот на Европскиот совет за следната недела се прецизира и соопштува во петок.

Ова е ќе биде трета посета на Туск на Македонија во изминатите две години, односно од почетокот на бегалската криза. Новата посета, како што велат дипломатски извори е поттикната од се почестите предупредувања дека е можен нов бегаски бран поради влошените односи меѓу Турција и ЕУ, како и заканите од Анакара дека ќе го поништи договорот за бегалци.