Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТуск до Иванов: Да се најде решение врз основа на демократските начела и разумот

Туск до Иванов: Да се најде решение врз основа на демократските начела и разумот

Сега не се лесни времиња и имате голема одговорност да обезбедите лидерство и сега се потребни само државнички одлуки е главна порака која Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет му ја пренесе директно на претседателот Иванов.

tusk

„Оваа продолжена криза ја задржува Македонија на нејзиниот евроатланстки пат а вас ви останува да најдете решение кое ќе биде засновано на демократските начела, пристојност и здрав разум.
Само таквото решение може да биде одржливо. Кога ќе го пронајдете можете да сметате на нашата поддршка“, рече Туск.

Исто така Туск изрази благодарност до Македонија за соочувањето во 2015 со огромниот проблем со мигрантскиот бран и доборото обезбедување на границата со соодветни мерки.

Македонија како и до сега така и во иднина ќе дејстува за заштита на својата национална безбедност и сигурноста на своите граѓани, но истовремено, Македонија е чувар на портите на Европа и повеќе од 19 месеци врши контрола на преминот за влез во најбрзиот мигрантски коридор што води кон Европа. Мојата порака до ЕУ е јасна: Помогнете ни, за да ви помогнеме, помагајќи и на Македонија си помагате себе си, рече Иванов.

Тој посочи дека секогаш ќе ги брани државните интереси на Република Македонија и смета дека ЕУ не треба ги злоупотребува интеграциите за политичко мешање во земјите од Западен Балкан.