Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурција трага по екс фудбалерот Шукур, големиот непријател на Ердоган

Турција трага по екс фудбалерот Шукур, големиот непријател на Ердоган

Турското обвинителство издало налог за апсење за екс фудбалерот Хакан Шукур кој е осомничен за тероризам и поврзаност со обидот пуч. Се верува дека Шукур е близок до Фетула Ѓулен кој е пребеган во САД и приврзаник на неговото сега веќе прогласено терористичко движење. Во Турција се спроведува целосна чистка на „Ѓуленистит“, па нема да биде поштеден ниту Шукур кој се верува дека со семејството побегнал од земјата.

Шукур по завршувањето на фудбалската кариера влезе во политиката и беше пратеник на владејачката Партија на правдата и благосостојбата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во 2011 година. Во 2013 година поднесе оставка по истрагата за корупција која опфати тесен круг соработници околу Ердоган. Тогаш пристапува кон движењето на Ѓулен.

Шукур беше против одлуката на власта да ги затвори школите на движењето на Ѓулен Хизмет. Во јуни беше суден во отстуство по обвинение дека го навредил Ердоган преку социјалните мрежи.