Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТурција: Спречен обид за убиство на заменикот претседател на АКП

Турција: Спречен обид за убиство на заменикот претседател на АКП

Турските власти соопштија дека е спречен план за убиство на заменикот претседател на Партијата на правдата и развојот (АКП) Мехди Екер. Нападот е планиран со користење на 650 килограми експлозив поставен во близина на неговата семејна гробница.

Експлозивот, како што информираат властите во југоисточниот град Дијарбакир, е откриен на пет различни места на гробот во округот Бисмил, во близина на местото каде е закопана мајката на Екер.

Екер денеска требало да го посети гробот со цел да оддаде почит на неговите починати роднини, во пресрет на муслиманскиот празник Курбан бајрам. Тој за телевизијата НТВ изјави дека во изминатите 30 години ги посетува гробиштата, како и дека најмалку 100 луѓе требало да му се придружат на денешната посета. Не е познато која група стои зад обидот.