Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурската војска го призна поразот, обидот за пуч неутрализиран

Турската војска го призна поразот, обидот за пуч неутрализиран

Турската војска откри дека обидот за државен удар бил неутрализиран, како и тоа дека најголема улога во ова имал самиот народ. Претходно турскиот премиер Бинали Јилдрим изјави дека обидот за пуч бил 100 проценти неуспешен, но ги повикал граѓаните да станат и да се појват на „демократска стража“.

Тој исто така ги повикал граѓаните да не ги мешаат „паралелните банди“ во униформи со турските војници. „Нашата работа се уште не е готова, операцијата „чистење“ наскоро ќе биде довршена“, изјави турскиот премиер.