Sunday, May 5, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаТурска авиокомпанија како национален авиопревозник на Свети Апостол Павле

Турска авиокомпанија како национален авиопревозник на Свети Апостол Павле

Група турски бизнисмени изрази интерес за основање на авиокомпанија која би рабтела од охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ и би функционирала како национален авиопревозник.

Претставници на групата заедно со маркетинг-директорот на „ТАВ“ Серкан Карахатај остварија средба со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески на која го информирале за нивната намера, со појаснувања дека охридскиот аеродром би бил базна станица за авиокомпанија, како и со плановите да бидат вопоставени директни авионски врски од Охрид кон Истанбул, Лондон, Салцбург и повеќе градови во Италија.

Притоа тие биле заинтересирани и за евентуална поддршка од општината и државата во остварувањето на бизнис-намерите, преку субвенционирање на предвидените авио-летови што на почетокот би биле реализирани со помал број патници.

На потенцијалните инвеститори од Турција им било укажано да достават бизнис-план и писмо од интерес до општинските власти, додека од страна на Бакрачески добиле уверување дека ќе бидат разгледани сите можности за субвенционирање на новиот авио-оператор, евентуално со поддршка на Владата или по пат на некаков регионален проект во кои би се вклучиле и соседните општини.