Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВесна Пусиќ се откажа од трката за генерален секретар на ОН

Весна Пусиќ се откажа од трката за генерален секретар на ОН

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи Весна Пусиќ денеска ја повлече својата кандидатура за генерален секретар на ОН, јави Хина.

Во соопштението на Пусиќ испратено до медиумите, се наведува дека таа се решила на ваквиот потег затоа што по првиот круг на гласање во Советот за безбедност на ОН станало јасно дека „новиот генерален секретар ќе биде избран меѓу кандидатите од самата Организација – лица кои работат или работеле за ОН“.

Пусиќ смета дека резултатите од првиот круг на изјаснување покажуваат дека нејзините шанси да биде избрана на функцијата не се реални, иако до конечниот избор претстојат уште неколку круга на гласање.

– Поради тие причини ја повлекувам својата кандидатура за генерална секретарка на ОН и нема да учествувам во понатамошните активности поврзани со овој избор, наведува Пусиќ во соопштението.

По првиот круг на гласање за избор на нов генерален секретар на ОН, според дипломатски извори, Пусиќ била при самото дно по бројот на освоени гласови меѓу 12-те кандидати за функцијата.