Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЦрногорскиот парламент изгласа членство во НАТО

Црногорскиот парламент изгласа членство во НАТО

Парламентот на Црна Гора денеска едногласно со 46 гласови „за“ го усвои предлог-законот за потврдување на Северно-атлантскиот договор, со кој се обезбедуваат услови за пристапување на земјата во НАТО.

Покрај владејачката коалиција, членството на Црна Гора во Алијансата го поддржаа и пратениците на Социјал-демократската партија, кои единствени од опозициските партии присуствуваа на парламентарната седница што се одржа во Цетиње.

Паралелно со одржување на седницата, Демократскиот фронт организираше протести поради одлуката за членство на Црна Гора во Северно-атлантската алијанса. Тие нагласија дека нема да ја признаат одлуката на Парламентот.

Црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, пред седницата изјави дека Парламентот денеска има историска привилегија да донесе одлука која ќе се памти сè додека постои Црна Гора и Црногорците.