Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЦрни бројки: 15 сообраќајки за само два дена во главниот град

Црни бројки: 15 сообраќајки за само два дена во главниот град

Невниманието во сообраќајниот режим по скопските улици продолжува. Пет потешко повредени лица и седум со полесни повреди биле жртви на сообраќајни несреќи само во последните два дена во Скопје. Најчестите последици се однесуваат на материјалната штета на возилата, а имало и три незгоди во кои со потешки телесни повреди се здобиени возач на патничко моторно возило, возач на мотоцикл, возач и сопатник на мопед, а со телесни повреди се здобил пешак.

Сообраќајната полиција имала доста работа и во санкционирањето на 25 возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и по 11 возачи за непочитување на ограничувањето на брзината на движење и на светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а 28 пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Преземени се и 17 мерки по прекршоци кои најчесто ги чинат возачите на велосипед, мотор, мопеди и мотоцикли.