Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора направи крупен чекор кон членството во НАТО

Црна Гора направи крупен чекор кон членството во НАТО

Црна Гора и покрај сите политички притисоци денеска ги завршува преговорите со НАТО, а потоа ќе го потпише и Протоколот за приклучување на средбата на министрите за надворешни во Брисел. Откако Протоколот ќе биде ратификуван во сите земји членки ќе следат уште неколку финални чекори во официјализирање на поканата за членство на Црна Гора во НАТО која ќе биде доставена следната година на самит на лидерите.

Igor-Luksic-and-Jens-Stoltenberg

Реакција пристигна од Русија која процени дека Алијансата опасно се проширува кон Исток и дека ќе биде принудена на соодветни мерки, додека пак Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, изјави дека ова е историски ден од кој корист ќе има целиот Јадрански регион.