Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора ќе започне пристапни разговори со НАТО во февруари

Црна Гора ќе започне пристапни разговори со НАТО во февруари

Црна Гора ќе зпочне пристапни преговори со НАТО кон средината на февруари – изјави Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„За време на 2015-та година донесовме уште една важна одлука која ќе ја унапреди стабилноста на западен Балкан. Формално ја поканивме Црна Гора да ги започне разговорите за да започне 29-та членка на НАТО. Пристапните преговори ќе започнат кон средината на февруари. Со ова им се праќа јасен сигнал на оние кои сакаат членство во НАТО дека вратите на Алијансата остануваат отворени“, рекол Столтенберг, пренесува РТЦГ.

Тој потсети дека во декември НАТО ја повика Црна Гора да ги започне преговорите за членство во Алијансата, потврдувајќи го напредокот кој земјата го направи, притоа демонстрирајќи желба и посветеност кон политиката на отворени врати на Алијансата.

„Со цел да се достигнат сите три основни цели на Алијансата – заедничката одбрана, решавањето на кризните ситуации и колективната безбедност – од големо значење е не само НАТО да ја има вистинската политика, способност и однос, туку и структурите кои ова го поддржуваат да функционираат и служат на потребата. За таа цел во 2015-та година НАТО продолжи да се прилагодува ко институција и да ги имплементира реформите во својот цивилен и воен сегмент на структурата, како би обезбедил модерна, ефикасна и одговорна институција“, додаде Столтенберг.

Генералниот секретар на Алијансата потенцирал дека од формирањето на НАТО во 1949-та година, организацијата се зголемила од 12 на 28 членки и тоа во шест рунди на проширување. Столтенберг исто така истакнал дека 2015-та година покажала дека „нестабилноста во странство директно влијае на безбедноста дома, но исто така покажува и дека Алијансата реагира на ова“.