Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦрквата се замеша во политиката – МПЦ-ОА повика на почитување на правниот поредок

Црквата се замеша во политиката – МПЦ-ОА повика на почитување на правниот поредок

Македонската православна црква- Охридска архиеписокопија изразува загриженост за состојбите во државата и упати апел до верниците и до сите граѓани за меѓусебно помирување, а до одговорните лица и институциите, апел за почитување на правниот поредок.

Архиепископскиот управен одбор на МПЦ- Охридска архиепископија ги повикува сите одговорни лица и институции да сторат усилби за почитување на правниот поредок во Република Македонија, согласно Уставот и позитивните закони, се вели во соопштението.