Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСидот на МПЦ-ОА едногласно побара БПЦ да биде црква-мајка, изјави г.г. Стефан

Сидот на МПЦ-ОА едногласно побара БПЦ да биде црква-мајка, изјави г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан денеска беше примен од бугарскиот патријарх Неофит. Ова е прва нивна средба откако МПЦ-Охридска архиепископија побара Бугарската патријаршија да биде нејзина црква-мајка и така да добие автокефалност, јавува БГНЕС.

Македонскиот архиепископ Стефан беше придружуван од митрополитот Петар, одговорен за надворешните односи на МПЦ-ОА.

Во емисијата „Вера и општество” на бугарската телевизија бугарскиот патријарх Неофит изјави: „Не е лек крстот кој бугарската црква го има, бидејќи досега ништо не е сторено за проблемот со македонската архиепископија. Ајде сега, со Божјата премудрост, учесниците во меѓуцрковната комисија да го донесат резултатот што го сакаме”.

Македонскиот архиепископ Стефан се заблагодари на сите во Бугарија кои ја поддржуваат желбата на МПЦ да добие признание за својата независност и беше категоричен: „Писмото што го испративме до Бугарската патријаршија дека таа може да е наша црква-мајка едногласно е прифатено од нашиот Свет синод. Некои од соработниците можеби и имаат свое видување, но важно е што решава и вели мнозинството“.