Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Со населувањето на мигрантите ќе се продлабочи сиромаштијата и невработеноста

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Со населувањето на мигрантите ќе се продлабочи сиромаштијата и невработеноста

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во саботата, покрај изборот на членови на Извриот комитет и Договорот со Бугарија разговарале и за нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија. Од Партијата наведуваат дека Централниот комитет изразил загриженост поради тоа што „владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“.

„ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање на државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила во земјата, и ќе ја влоши и онака тешката состојба со невработеноста која принуди многу наши граѓани да се отселат во други земји за да обезбедат работа и егзистенција“, велат од партијата.

Претходната владејачка ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата истовремено признава дека земјата е во голема сиромаштија и има голема стапка на невработеност, која дополнително ќе се влоши со населувањето на мигрантите.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која во време на своето владеење понуди и пружи голема помош и подршка за мигрантите кои транзитираа низ Република Македонија. Но, со вакво ниво на сиромаштија и невработеност да се прифати трајно населување на десетици илјади мигранти би било сериозен удар на сите досегашни напори за смалување на невработеноста во земјата за граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението.