Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦипрас избегнува соработка со Македонија и Турција во однос на кризата со мигрантите

Ципрас избегнува соработка со Македонија и Турција во однос на кризата со мигрантите

Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори кои изминатиот викенд присуствувале на вонредниот самит во Брисел објави дека премиерот Алексис Ципрас не е заинтересиран за соработка со Македонија и Турција за случајот со мигрантската криза.

Весникот открива детали во кои се истакнува атмосферата од првичната расправа која за Грција била во негатива, Ципрас бил „под оган“ пред се од неговиот унгарски колега Орбан и хрватскиот премиер Милановиќ.


„Темата која повеќе го „напрегна“ грчкиот премиер беше соработката со ПЈРМ. Во овој момент на дебатата, господинот Ципрас ја напушти просторијата за да зборува на телефон со Атина. За оваа конкретна точка, голем број официјални претставници изјавија за „Катимерини“ дека господинот Ципрас не сака да соработува со Македонија или со Турција, поради влијанието на министерот за одбрана Панос Каменос и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас“, открива „Катимерини“.