Целосно парализиран Русин бара прв да му се трансплатира главата

Валери Спиридонов кој има целосна парализа на телото ќе биде првиот волонтер кој бара да му биде трансплатирана главата на ново здраво тело. Овој медицински експеримент кој звучи како исечок од хорор филмовите со Франкештајн е зацртана идеја на италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо кој најави дека во 2017-та ќе ја изврши првата трансплатација на жив пациент.
Во потфатот ќе му помогне и кинескиот хирург Шаопинг Рен и целата процедура е веќе предвидена, од самото пресекување на главите, ладењето на телото под 10 степени за да спречи распаѓање на ткивото, па се до повторно поврзување на нервите и р`бетниот столб.
Процедурата е дефинитивно контроверзна, но во земји како Русија или Кина може да биде дозволена со согласност на пациентот Спиридонов, како и од семејството на потенцијалниот починат донор на телото.