Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомНаучниците ја потврдија генетска предиспозиција за алкохолизмот

Научниците ја потврдија генетска предиспозиција за алкохолизмот

Истражувањето објавено во списанието PLOS Genetics кое е спроведено на глувци посебно чувани така да конзумираат алкохол, покажало дека кај нив постојат одредени генетски специфичности. Доктор Фен Зоу од Универзитетот во Индијана и неговиот тим соработници кои ја спроведоа студијата врз основа на овие наоди претпоставуваат постоење на генетска предиспозиција за алкохолизмот.

Глувците кои Зоу и соработниците ги чувале припаѓале на две групи. Една група ја чинеле глувци кај кои била развиена потреба за прекумерна количина на алкохол, додека другата група била контролна. Двете групи биле чувани од иста иницијална популација, при што втората група немала никакви склоности кон алкохолот.

Со паралелна анализа на гените кај овие две групи глувци научниците откриле 930 генетски разлики кои можат да се поврзат со алкохолизмот. Истражувачите наведуваат дека мораме да бидеме внимателни со генерализацијата на овие резултати на човечката популација. За разлика од глувците, на склоноста на луѓето на алкохолизам покрај гените можат да влијаат и многу други фактори, како социјални, економски или културолошки.

Интересно е дека и некои нови откриени гени ја имаат од порано познатата улога во формирање на меморија и однесување поврзано за наградување.

Не е изолиран единствениот ген кој може да се нарече предизвикувач на ова нарушување. Доктор Вилијам Муир од Универзитетот Пердју, еден од соработниците во студијата, објаснува дека ова откритие не може така лесно да се генерализира од причина што стотици разлики во генетскиот материјал придонесуваат за секоја поединечна генетска основа за алкохолизмот.

Бидејќи поголемиот дел од овие гени е лоциран во некодирачки секвенци, претпоставката на истражувачите е дека за разликите во преференциите кон алкохолот пред се задолжени се промените во регулаторните делови на гените. Откритието на овие регулаторни патишта кои содржат голем број т.н. алкохолни гени, може да поттикне нови идеи во фармацевстката индустрија кои би помогнале при лечење и превенција на алкохолизмот кај луѓето. Предвидувањата и пресметањето на ризици исто така би биле можни.

Елементариум – Белград