Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеТројца Алфи повредени во обид да приведат осуденик

Тројца Алфи повредени во обид да приведат осуденик

Тројца припадници на единицата „Алфа” попладнево биле повредени во сообраќајна несреќа, додека се обидувале да приведат лице кое се барало за издржување затворска казна. Откако го забележале осуденикот во возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, Алфите тргнале да го апсат, по што тој со голема брзина удрил во нивниот автомобил. Од сообраќајната незгода тргојца полициски службеници од Алфите се здобиле со повреди и пренесени се во Ургентниот центар. Бегалецот е приведен и ќе биде префрлен во затвор каде ќе ја издржува казната. Тој ќе добие уште неколку кривични пријави за инцидентот кој денеска го предизвикал.