Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТричковски: Самоубиства со теве сигнали

Тричковски: Самоубиства со теве сигнали

Контроверзниот новинар Бранко Тричковски повторно го “пецна” раководството на ВМРО ДПМНЕ, овој пат за нивните последни настапи на телевизиите, а меѓудругото и за јавната поддршка која и ја дадоа на осудената екс министерка Јанкуловска која веќе ја одлежува затворската казна.

“Мицко рекол: Другари, овој ќе не испоапси сите, Гордето е само најава, мораме да реагираме!

Влатче: Да му отидеме тројца на три телевизии да го смачкаме!

Лигњата: Јас ќе одам на Алфа.

Влатче: Јас ќе бидам на Сител.

Мицко: Супер, јас ќе го е..м на Телма.

Потоа сите се наведнале над веце школката на која седел претседателот на партијата и прегрнати си го дале традиционалниот завет: Слобода или смрт, со предност на смртта, нормално.

Истата вечер пред споменатите телевизии се пронајдени три безживотни тела. Надлежните се сомневаат дека се работи за ритуални самоубиства со помош на теве сигнали.

Истрагата е во тек!, напиша Тричковски.