Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаТри од три – Македонските кошаркари лидери во групата Ц од ЕП

Три од три – Македонските кошаркари лидери во групата Ц од ЕП

Македонските кошаркари до 20 години го поминаа позитивно и последниот тест од групата Ц. Со солиден резултат од 73:63 ја совладаа репрезентацијата на Швајцарија и со учинок од „три од три“ ја обезбедија првата позиција на табелата.

Како најефикасен од нашиот тим се покажа Младеновски со 16 поени и дабл-учинок врзувајќи 11 скока. Останатиот распоред на табелата во група Ц го надополнуваат и Белорусија со 5 поени, Ерменија 4 и Швајцарија со 3 поени.

Наредната фаза ја продолжуваме со пресметки со селекциите на Белорусија, Шведска и Унгарија. Веќе утре со почеток од 18 часот младите херои ќе се пресметаат со домаќинот Унгарија.