Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТрговијата со луѓе во Косово: Седум лица уапсени

Трговијата со луѓе во Косово: Седум лица уапсени

Седум лица се уапсени во Пеќ. Тие се товарат дека сториле кривично дело трговија со луѓе, пренесува РТС. По налог на обвинителството извршена е контрола на едно кафуле во Пеќ, затоа што постоеле сомнеинија дека се врши незаконска активност трговија со луѓе и таму била идентификувана една жртва, се наведува во соопштението на полицијата.

Меѓу уапсените е еден жител на Косово, еден државјанин на Албанија и пет Албанки на кои им била изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Полицијата запленила 1.195 евра, седум мобилни телефони и тетратка со податоци.