Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТракторска приколка згмечи шестгодишно девојче во Неготино

Тракторска приколка згмечи шестгодишно девојче во Неготино

Трагедија го потресе Неготино. Шестгодишно девојче од почина откако, играјќи си во семејниот двор, го згмечила тракторска приколка. Девојчето, додека си играло во дворот, се качило на приколката, која била потпрена на бетонско ѕитче и не била стабилна. Приколката паднала и го притиснала шестгодишното дете, информираа од СВР Велес.

Приколката служела за прикачување на трактор и за расејување ѓубре. Од Велешката општа болница додаваат дека кога било донесено, девојченцето веќе било починато. По овластување на јавен обвинител, увид на самото место извршила екипа од неготинската полициска станица. По наредба на јавен, обвинител телото на починатото дете е предадено на фамилијата.