Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагичен крај за 19-годишникот кој со автомобил удри во бетонски столб

Трагичен крај за 19-годишникот кој со автомобил удри во бетонски столб

Трагичен крај за Алдин О., деветнаесетгодишното момче од скопското село Долно Коњари кое пред шест дена со својот автомобил удри во бетонски столб.

По незгодата возачот и сопатникот С.М. (20) од истото село со возило на Брза помош се пренесени во Ургентен Центар за укажување лекарска помош. Од страна на доктор кај Алдин биле констатирани тешки телесни повреди. Кај сопатникот се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување.

Ноќва околу 03:00 часот во КАРИЛ-Скопје Алдин им подлегнал на повредите.