Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија во Аеродром – млада девојка падна од 9-ти кат

Трагедија во Аеродром – млада девојка падна од 9-ти кат

Девојка на возраст од 21 година на пладне паднала од 9-ти кат од зграда во скопската населба Аеродром и
починала. Се уште не е познат идентитетот на девојката, а увидот треба да утврди дали станува збор за несреќен
случај или за самоубиство.

Жители од зградата на улицата Руди Чајевац пријавиле дека има мртво тело на паркингот пред влезот на нивната
зграда. Полицијата веднаш излегла на местото и според првичните информации станува збор за девојка родена
1995 година, која живеела на 9-тиот кат во зградата. Веднаш била повикана и екипа на итната медицинска помош, но девојката веќе била почината. Се проверуваат причините за овој инцидент.