Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТрагедија: Почина градежен рботник во Струмица по пад од 9 метри

Трагедија: Почина градежен рботник во Струмица по пад од 9 метри

Загина градежен работник во Струмица. Во објект на улицата „Гоце Делчев“, 64-годишен работник го загуби животот. Тој бил ангажиран за реновирање на кровна конструкција, а од непознати причини паднал од кровот во висина од 9 метри. Со Итна медицинска помош бил пренесен во болница во Струмица каде од здобиените повреди во 15.45 часот починал. Увид на местото на настанот извршиле ЈО, увидна екипа од СВР-Струмица и трудов инспектор. По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.