Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ наликува на „крвавиот четврток“, вели Тунтев

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ наликува на „крвавиот четврток“, вели Тунтев

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на денешното продолжение на собраниската седница за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски рече дека она што го прави опозициската ВМРО-ДПМНЕ „наликува на април“, алудирајќи на случувањата и насилствата на 27 април при изборот на претседателот на Собранието.

Тунтев рече дека мнозинството нема да учествува во „бесмислената расправа“.

– Сите се откажавме од нашите дискусии за час поскоро да заврши оваа бурлеска околу сосема законскот разрешување на државниот јавен обивнител. Ова што се случува сега, овој говор на омраза, ова многу наликува на април и се надевам дека колегитте од опозицијата ќе прекинат и час поскоро да почнеме со постапката за именување на нов државен јавен обвинител – рече Тунтев.

Инаку, и денешното 10. продолжение на седницата за разрешување на Зврлевски се одвива во реплики и контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои бараат наместо за разрешувањето на јавниот обвинител да се зборува за задолжувањето, Статегијата за бегалци, депонијата во Струга, Законот за јазиците. Дел се осврнаа и на вчерашното одблежежување на 16-годишнината од Охридскиот рамковен договор, на кое, според нив, македонскиот јазик бил третиран како јазик од втор ред.