Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТимот од Олд Трафорд доживеа вистински дебакл – Рамос во Реал до 2020 година

Тимот од Олд Трафорд доживеа вистински дебакл – Рамос во Реал до 2020 година

Напорот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед да го доведе шпанскиот репрезентативец во своите редови по сѐ изгледа дека е веќе недостижен. „Марка“ ја објави информацијата на која се надеваа сите навивачи на кралскиот клуб –  Рамос потпиша нов договор со Реал Мадрид со важност до 2020-та година.

Информациите велат дека годишната плата на дефанзивецот благо ќе се зголеми на 9 милиони евра, а токму финансиите беа причина за неизвесноста на Рамос дали ќе ја продолжи кариерата надвор од Шпанија.

Реакциите од таборот на Манчестер Јунајтед се прилично очекувани. Непознат извор на тимот за Daily Star изјави: „Рамос нѐ предаде! По сѐ изгледа дека ова било само една обична игра.“