Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТимоние: Одлука за влада да се донесе брзо, земјата не може предолго да чека

Тимоние: Одлука за влада да се донесе брзо, земјата не може предолго да чека

Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

„Се очекува да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе многу брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение кон сегашното успорување на формирањето влада“, рече Тимоние по денешниот приeм по повод Денот на Франкофонијата.

Тој додаде дека очекува силна Македонија која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, суверенитет и своето единство, и во тој аспект Франција, како и другите европски земји секогаш ќе бидат на нејзина страна.

Францускиот амбасадор им порача на политичарите да бидат на нивото на задачата, за изнаоѓање решение за кризата. На новинарско прашање каков е неговиот став околу платформата на албанските партии, тој изјави дека тој не е повикан да се произнесе по тоа прашање.