Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТетовец ја киднапирал бившата сопруга, ја однел во црква и ја тепал со часови

Тетовец ја киднапирал бившата сопруга, ја однел во црква и ја тепал со часови

Во полициската станица во Тетово синоќа половина час пред полноќ, жена на триесет и три годишна возраст го пријавила својот поранешен сопруг А.С (33) од Тетово за противправно лишување од слобода.

Имено, истиот ден околу 21:20 часот, додека А.Ј. одела пеш дома, била пресретната од А.С. кој удирајќи ја неколку пати насилно ја внел во автомобилот голф, со непознати регистарски ознаки и се упатил во село Лешок.

Во манастирот „Св. Атанасиј“ ја натерал А.Ј. да му каже дека немала врска со никого. Потоа заминале во село Варвара и повторно ја однел во црква, каде физички ја нападнал, удирајќи ја во пределот на главата и телото.

Потоа ја внел во багажникот и со возилото ја однел во нивниот поранешен дом, каде се обидел да ја задржи со цел повторно да бидат заедно. Во еден момент А.С. ја пуштил А.Ј. да си оди, соопштија од МВР.

Се преземат мерки за пронаоѓање на А.С. и за целосно расчистување на случајот.