Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСкопјанка насилно внесена во возило, успеала да побегне во Пинтија

Скопјанка насилно внесена во возило, успеала да побегне во Пинтија

Скопјанката М.С. (41) ноќеска побарала помош од МВР тврдејќи дека била грабната од непознат маж.

МВР денеска извести дека додека М.С. била во дневната соба, забележала непознат маж како стои на балконот од нејзината куќа.

Кога излегла да види кој е, тој ја фатил за коса, насилно ја одвлечкал и ја внело во патничко возило и тргнал кон манастирот „Св. Еремија“ во населба Пинтија.

Кога возилото застанало, М.С. успеала да ги отклучи вратите и да избега.