Friday, Jul 21, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаTesla си даде автогол со 90.000 повлечени Model S автомобили

Tesla си даде автогол со 90.000 повлечени Model S автомобили

Model S има проблеми со безбедносниот појас и затоа компанијата одлучила да повлече 90.000 парчиња од пазарот, што е голем автогол за автомобилската компанија.

tesla-elon-musk

„Tesla неодамна откри дека безбедносниот појас во европскиот Model S не е убаво поврзан со надворешниот систем за безбедност. Возилото немало сообраќајна несреќа и нема повредени поради тоа. Во случај да дојде до судир, појасот во оваа состојба нема да овозможи доволно сигурност на возачот. Прво и најважно е да се грижиме за вашата иднина“, гласи официјалното соопштение на Teslа Motors.

Tesla Motors повлекуваше автомобили и претходно и тоа се чини како да стана навика во автомобилската индустрија. Минатата година компанијата повлече 29.000 автомобили од Model S поради проблемот со полначите.

Сопствениците на автомобилите може да го средат овој проблем ако одат во официјален сервисен центар на Teslа. Досега компанијата загуби 750 милиони долари од својата вредност поради ова. Се чини дека сепак Елон Маск не е загрижен за новонастанатата ситуација и се уште нема реакција од него.

Извор: telefoni.mk