Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТероризам го тресе ЕП 2016: Заклана полициска брачна двојка во Париз

Тероризам го тресе ЕП 2016: Заклана полициска брачна двојка во Париз

Во екот на Ебвропското првенство во фудбал шт се одржува во Франција и исклучително силните мерки на безбедност од Париз пристигнува вест за фатална заложничка криза.

Во предградието Мањавил, во близина на Версај напаѓач околу 20.30 часот со нож пред семенна куќа девет пати избол и усмртил 42-годишен полицаец, наводно свој сосед, по што се забарикадирал во куќата на полицаецот и сопругата, исто така полицајка, и нивното дете ги зел како заложници.

Потоа ја убил и жената, што околу полноќ испровоцирало молневита акција на полициските специјалци кои биле повикани на местото на настанот. Полицијата упаднала во куќата и уследила размена на оган, при што се слушнале и неколку експлозии. На крајот, специјалците ги нашле мртвото тело на жената и ранетото тригодишно момче, кое сега е на сигурно.
police-id
Напаѓачот, исто така, е мртов, но засега не е јасно дали го изгубил животот во интервенцијата или извршил самоуиство. Франуската агенција АФП пренесува дека во текот на неуспешните преговоро напаѓачот рекол дека е борец на ИД, а новинската агенција на Исламската држава, Амак, потврди дека за крвопролевањето е одговорен нејзин борец.

„Извор на агенцијата Амак: Борец на Исламската држава ги уби заменик-началникот на полициска станица во градот Ле Муро и неговата жена“, стои на интернетската страница на Амак.

Сведоци тврдат дека додека му го забивал ножот на полицаецот во стомакот, напаѓачот, момче на околу 20 години, викал „Алах акбар“. Во текот на заложничката драма во улицата во која се се случувало, било исклучено јавното осветлување, а целото соседство било евакуирано.

Канцеларијата на претседателот Франсоа Оланд најави дека денеска ќе одржи кризен состанок.

Според досега познатите информации, убиениот полицаец бил еден од шефовите на локалната полиција, а портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи Пјер Енри Брандет потврди дека истрагата ќе ја води одделението за антитероризам.

Ако се потврди дека овој напад го извела ИД, тоа ќе биде прв напад на милитантите на француска почва откако француската влада воведе вонредна состојба по нападот во париз во ноември минатата година, во кој беа убиени 130 лица.