Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалТери го плати погребот на својот млад обожавател

Тери го плати погребот на својот млад обожавател

Getty Images

Капитенот на Челзи Џон Тери го плати погребот на осумгодишен навивач на „Сините“, кој неодамна почина после борба со леукемијата. Томи Милер почина на 31 март, после неуспешен обид за трансплатација на коскената срцевина. Локалните медиуми објавија дека Тери прифатил да ги плати трошоците за погребот од 1.600 фунти, откако бил контактиран од страна на пријател на семејството на младото момче преку социјалните мрежи.

„Бидејќи имав чест да го запознаам Томи на еден натпревар на Челси, многу ме растажи веста за неговата смрт. Сигурен сум дека неговото семејство и пријатели ќе се збогуваат со него онака како што тој заслужи“, изјави Џон Тери. Малиот Томи ќе биде погребан во четврток, а сите кои ќе присуствуваат на погребот ќе ги носат дресовите на Челси и Кембриџ Јунајтед, двата клуба кои му биле омилени на Томи.

„Емоциите ме совладаа бидејќи Томи беше голем навивач на Џон Тери, тој беше еден од неговите омилени фудбалери. Не сакаме традиционален погреб, бидејќи се работи за дете и сакаме да направиме нешто посебно. Пред Томи да биде приклучен на апарати за одржување во живот, тој доби писмо од Џон Тери и ние му го прочитавме. Тој беше под силни седативи, но се надеваме дека успеал да не слушне“, изјави мајката на Томи.