Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОд министер за здравство ќе оди во градоначалници

Од министер за здравство ќе оди во градоначалници

Министерот за здравство Арбен Таравари ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар.

Според извори од партијата на Зијадин Села, по неуспешните преговори со БЕСА за заеднички да настапат на престојните локални избори, тие одлучиле во Гостивар да настапат самостојно, а нивен кандидат да биде Таравари.

„Најверојатно да, ќе се кандидирам за градоначалник на Гостивар, како кандидат на Алијансата. До почнување на предизборната кампања останувам во Министерството за здравство. За време на кампањата ќе земам две недели одмор, меѓутоа ќе одам во Министерството за да завршам неопходни работи“, изјави Таравари за порталот „СакамДаКажам“.