Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТаравари ќе ги укине казните за лекарите

Таравари ќе ги укине казните за лекарите

Утре ќе го разгледуваме проектот „Мој термин“ во Министерството за здравство. Јас сум за промени. Треба да има награди за лекарите, а не казни, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што пренесува „МКД“, На одбележувањето 25 години од Лекарската комора на Македонија Таравари најави дека веќе утре ќе има состанок со претставниците на „Мој термин“.

„Учинокот ќе остане, а нема да има негативен учинок. Платата ќе си биде 100 проценти, а ќе има и наградени доктори, односно тие што ќе бидат најуспешни. Наградите за докторите треба да се обезбедат од парите од вторите директори на клиниките. Тие места треба да се укинат и средствата да се пренаменат за неколку успешни лекари во болниците“.

Министерот најави состанок на тим за креирање на стратегијата на лекарите која ќе биде Национална стратегија за здравството од 2017 до 2020, која, според него, ќе биде уставот на лекарите.