Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТалибанците заробиле руски пилот, Москва презема мерки за негово ослободување

Талибанците заробиле руски пилот, Москва презема мерки за негово ослободување

Руските амбасади во Исламабад и во Кабул одржуваат тесни врски со пакистанските и авганистанските власти за ослободувањето на руски државјанин, кој е заробен од борци на талибанското движење, се наведува во коментарот што денеска беше лиферуван од руското Министерство за надворешни работи, пренесе ТАСС.

„Во авганистанската провинција Логар вчера принудно слетал пакистански хеликоптер „Ми-17“ кој што патувал за Русија на ремонт“, напоменува министерството.

„Членовите на екипажот се заробени од борци на талибанското движење. меѓу нив е и рускиот пилот Севастјанов, роден во 1956 година“, се наведува во коментарот на руското МНР.

„Информацијата се проверува“, посочува Министерството.

Портпаролот на гувернерот на Логар, Сами Салех, вчера изјави дека хеликоптерот не бил соборен, туку се приземјил поради технички проблем, и дека сите други заробени лица од леталото биле Пакистанци.

МИА